Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска ги почнал надзорите во оние прави субјекти кои согласно закон можат да работат во недела со цел да утврди дали ја испочитувале законската обврска за исплата на дневници повисоки за 50 проценти во јануарските плати. Контролите ќе се прават до крај на месецов и на крајот ќе биде направен извештај за тоа кој се го почитувал или го кршел законот. Извештајот ќе биде јавно објавен на веб-страницата на ДИТ.
-Недела неработен ден е наша реалност. Помина јануари, првиот месец за кој треба да се има исплата на повисоки дневници за работа во недела. Согласно закон плата за јануари се треба да се исплати до 15-ти во тековниот месец. Од денеска ДИТ е во интензивни надзори кај сите работодавачи кои согласно закон можат да работат во недела. Надзорите ќе се прават до крај на месецот. Потоа ќе има соопштение и месечен извештај за почитување на законското право за исплата на дневници поголеми за пеесет проценти за сите работници кои согласно закон се во дејности кои имаат право да работат во недела, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во одговор на новинарско прашање по посетата по посетата на компанијата „Текспорт“.