Инспекторатот 12 пати влегол во „Жан Митрев“, средба на стручни тимови меѓу клиниката и „МАЛМЕД“

by Фокус

Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај и ќе добие разрешница, никој не е над законот ниту има недопирливи, рече предмалку министерот за здравство Беким Сали на прес-конференција во однос на Клиниката „Жан Митрев“ по објавата на сторијата на ИРЛ.

Сали информира дека моментно е во тек состанок на стручен тим од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) со претставници од клиничката болница „Жан Митрев“ за да се утврди дали испитувањата врз пациентите кои се лекувале таму се вршени согласно важечките прописи.

Според него, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во последните три години направил 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во 12 приватни здравствени установи.

Детали соопшти директорката Иринка Сотировска Бухова, информирајќи дека конкретно во „Жан Митрев“ се спроведени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори.

Сали ја објасни и методата на хемофилтрација која, како што нагласи, се користи при третман на пациенти во тешка состојба сместени на интензивна нега.

-Дали методата е применувана согласно строгите критериуми и индикации, треба да процени стручен надзор од експерти во соодветните области – истакна министерот.

Поврзани новости