195
Инспектор од Државниот пазарен инспекторат примил поткуп од шест лица со сел да не изврши службени дејствија. Против него е поднесена кривична пријава за примање поткуп.
-ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(34) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавениот, вработен во Државен пазарен инспекторат – инспектор во Одделение за инспекциски надзор Струмица во Гевгелија, Валандово и Радовиш, во периодот од јуни до ноември 2023 година, во шест наврати од шест лица примил вкупно 21.000 денари и 150 евра за да не изврши службени дејствија, соопшти МВР.