Инспекторот Б.И.(39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за внатрешни работи Радовиш, соопштија денеска од СВР-Струмица.
Според соопштението, началникот пријавил дека во службени простории на полициската станица, инспекторот агресивно се однесувал кон пријавителот, кој извршувал службени задачи, а во еден момент и физички го нападнал, нанесувајќи му телесни повреди.
Во соопштението се додава дека за настанот биле запознати началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и јавен обвинител, по чии насоки биле преземени мерки за расчистување на случајот.
По целосно документирање на случајот против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.