Откако веста дека во Дојранско Езеро е пронајдена риба којашто премногу потсетува на крволочната пирана, и која што искасала неколку рибари додека се обидувале да ја извадат од риболовната мрежа, се огласи и Хидробиолошкиот завод Охрид.
Според нивната анализа, се работи за сродник на пираната, односно риба позната како Амазонски Паку, а најверојатно поради човечки фактор се нашла во водите на езерото, односно се претпоставува дека е намерно пуштена од аквариум, но нема место за паника, бидејќи е топловодна, и нема да го преживее зимскиот студ.
Инаку, рибата Амазонски Паку во светот е позната и како риба на чија што мета најчесто се машките тестиси. Позната по тоа што се храни со растенија, инсекти и јаткасти плодови, таа често пати во водите во кои што живее, најчесто во Амазон и Нова Гвинеја ги напаѓа тестисите на голите пливачи. Според истражувањата кои што биле спроведени, се верува дека причината за тоа е што според формата, рибата не прави разлика дали се работи за тестиси, или пак за јатксати плодови кои што од гранките на дрвјата паднале во водата.
Исто така, рибата Паку често се случувало да им ги изгриза и ножните прсти на децата, а нејзината вилица со остри заби била многу цврста. Рибата Амазонски Паку уште во светот е позната и под името “Ball-cutter” односно кршачка на мадиња. Пред три години се појави во Шведска, а тамошните медиуми тогаш предупредуваа мажите да не се капат без долна облека, бидејќи можат да останат без тестиси.
Вики Клинчарова