793
Од Иницијативата за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ денеска му одговорија на Христијан Мицкоски и му порачаа дека тој е единствениот виновник што Заев повторно стана премиер.
-Одговорност и вонреден конгрес мора да има. Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите, стои во реакцијата на Иницијативата.
Додаваат дека жалат што и по исполнувањето на вториот услов за оставка – неформирање влада, Мицкоски не собрал храброст да ја понуди својата оставка.