Иницијативен одбор во ВМРО-ДПМНЕ закажа вонреден конгрес на 28 март

by Fokus

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес по неколку месеци интензивна работа, успеа да обезбеди поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски.

„Затоа иницијативниот одбор одлучи, со поддршка на мнозинството членови да свика седница на Конгресот надвор од редовниот термин. Иницијативниот одбор одлучи да го закаже 17. вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март во Скопје. Во наредните денови, Иницијативниот одбор ќе ги формира телата за спроведување на конгресот, ќе го промовира слоганот и ќе отпочне со дистрибуција на покани и материјали за делегатите“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости