1.6K
Во Кинотека на Македонија во секој момент треба да започне отворениот состанок на иницијативниот одбор на новата партија на адвокатот Александар Тортевски која ќе се вика „Твоја партија“.
Меѓу присутните може да се забележат и професорката Мирјана Најчевска и актерката и активистика Ирена Ристиќ.
Во интервју за неделникот „Фокус“, Александар Тортевски, кој е еден од иницијаторите и привремен портпарол, најави дека партиската платформа „ќе биде нешто спектакуларно во Македонија“, сосема различно од постојните султан-партии.