Уставните судии денес ќе распрваат за иницијативата на политичката партија Левца со која се оспорува статутот и програмата на здружението „Културен центар Иван Михајлов“ бидејќи со нив се разгорува национална и верска омраза и нетреливост.
„Уставниот суд на денешната седница ќе разгледа една иницијатива за оценување на уставност и законитост и една иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружение на граѓани. Политичката партија Левица поднесе иницијатива до Судот со која ги оспорува Статутот и Програмата на Здружението Културен центар Иван Михајлов„, соопшти Уставниот суд.
Од Судот информираат дека подносителот на иницијативата наведува дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.
„Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти“, соопшти Уставниот суд