Иницијативата „Правда за Никола Груевски“ бара амнестија од Иванов

by fokus

Иницијативата „Правда за Никола Груевски“ бара од претседателот, Ѓорге Иванов, да го амнестира осудениот пратеник, Никола Груевски, кој деновиве треба да се јави на издржување на затворската казна затвор од две години.

Од таму искажуваат незадоволство од одбивањето на второстепената жалба за одложување на казната на Груевски. Со ова, како што велат од таму, уште еднаш се потврдува политичкиот прогон што се спроведува во Република Македонија.

„Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон! Јавно бараме претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го искористи уставно загарантираното право и да ги заштити недолжните граѓани кои се опфатени со овој прогон.
Како народ и држава не смееме да дозволиме затворите во Република Македонија да се исполнат со политички затвореници. Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!“, велат од Иницијативата.

Поврзани новости