Иницијатива за враќање на старите имиња на улиците во Бутел ги судри градоначалникот и ДУИ

by Фокус

Преку граѓанска иницијатива, дел од жителите на Општина Бутел побарале враќање на старите имиња на 38 улици во општината, а градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, ја испратил до Град Скопје, кој е надлежен за тоа.

ДУИ обвинува дека на тапет се само улиците со албански имиња, што го сметаат за предизвикување на меѓуетничка нетолеранција во Бутел.

„Демократската унија за интеграција остро реагира на шовинистичката и авантуристичка политика на ВМРО-ДПМНЕ, која во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани, стравувајќи од кривично гонење за тековните криминали на своите функционери и жедна за власт, сериозно го предизвикува соживотот, толеранцијата и меѓуетничката хармонија во земјата“, стои во соопштението на ДУИ.

Костовски, пак, ги отфрли како неприфатливи обвинувањата на ДУИ дека застапуваат шовинистичка политика, која го предзвика соживотот во земјата.

-Најнапред многу ми е жал што се потенцираат тие 20 улици со албански имиња. Станува збор за 38 улици од кои половина се со албански имиња, половина не се, има некои македонски имиња, странски имиња. Веднаш го отфрлам тврдењето дека станува збор само за улици со албански имиња – рече тој.

Костовски посочи дека станува збор за иницијатива со која се бара да се врати старата состојба со имињата на улиците, односно, како што рече, да ја поништи насилната одлука на поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

Поврзани новости