Иницијатива: Повеќе знаење, подобри вештини, посреќна иднина

by Fokus

Инцијатива за создавање на Центар за Едукација за Канцелариско и Архивско Работење (ЦЕКАР) со Донација на електронска платформа и опремување на кабинет за Дигитално канцелариско и архивско работење  во рамките на Институтот за  историја (и насоката архивистика) при Филозофскиот факултет во Скопје.

Филозофскиот Факултет од Скопје, од една страна и ИНБОХ архивски центар , од друга страна, склучија меморандум за соработка со којиницираат проект за создавање на Центар за Едукација за канцелариско и архивско работење (ЦЕКАР) и создавање на Kабинет за дигитално канцелариско работење, во рамките на Институтот за Историја. Целта на овој проект е создавање на стручен квалификациски и преквалификациски центар во кој студентите, вработените лица и/или лицата кои бараат вработувањеќе имаат можност по светски стандарди да стекнуваат практични професионални знаења, вештини и способности да управуваат со административно канцелариски и архивски процеси на најсовремена дигиталнa платформa за автоматизација на работни процеси и да бидат носители на административната ефикасност во нивните сегашни и идни организации.

-Дигиталната трансформација е реалност која неможе и несмее да се игнорира. Таа е сложен процес кој бара компаниите да направат радикални промени во своите работни процеси но пред се бара радикални промениво свеста, компетенциите и убедувањата. Голема заблуда е дека една компанија може дигитално да се трансформира со проста набавка на некаква дигитална технологија. Трансформацијата не ја водат софтверите туку луѓето, затоа најважниот елемент во дигиталната трансформација е создавање на компетентен кадар. Нашата мисија, да им помогнеме на компаниите дигитално да се трансформираат е суштински поврзана со создавањето на компетенции за дигитално административно и канцелариско работење, и со оваа донација, ние и практично ја спроведуваме нашата мисија. Непостои подобро место за почеток на градење на свеста и компетенциите од Факултетот кој го едуцира и создава кадарот за административно и канцелариско работење“  изјави сопственикот на ИНБОХ, господинот Стојче Тасков.

Оваа соработка ќе се материјализира во 3 конкретни активности – Донација од ИНБОХ за опремување на предавална – кабинет за дигитално канцелариско и архивско работење во рамките на Институтот за историја, потоа создавање на Центар за едукација и преквалификација и создавање на сертификациона програма за Администратор за Канцелариско и Архивско Работење (АКАР) .

Високото образование е дел од најважниот триаголник за напредок на една држава: заедница – држава – високо образование. Брзите промени во општеството предизвикани од напредокот на технологијата наложуваат постојани промени и во високото образование. Но ниту една високо образовна институција не може со своите студиски програми да го следи темпото кое го наметнува развојот за да може да одговори на сите потреби на пазарот и заедницата. Затоа неминовно е со развивање на програми за обуки во системот на доживотно учење и создавање на мултидисциплинарни студиски програми во соработка со Приватниот сектор постојано да се работи на зголемување на знаењата, вештините и компетенциите на студентите, веќе вработените и невработените лица, со еден збор да се зголеми нивната вработливост.

Како Факултет со долга едновековна традиција, на кој постои акредитирана студиска програма по Архивистика, единствена во нашата земја, соработката со ИНБОХ дооел е особено значајна, бидејќи се вклопува во нашата стратегија за развивање на нови студиски програми и апликативна дејност со вклучување на знаењето на практичари и експерти од приватниот сектор, како и привлекување инвестиции во високото образование за да заеднички создаваме кадри кои ќе можат да одговорат на потребите на заедницата. Преку Центарот, студентите ќе можат да учат на најсовремени дигитални платформи за архивирање, преку знаењето на наставниците и вработените на факултетот заеднички ќе се подобрува и платформата што ќе биде особено важно и за инвеститорот.

Особено значајно е создавањето на сертифицирана програма за Администратор за канцелариско и архивско работење (АКАР)преку која сите институции и компании во државата ќе можат да се здобијат со компетентни кадри за дигитална архива и канцелариско работење, без кој кадар е невозможно функционирање на ниту еден правен субјект. Морам да напоменам дека и не постои подобар партнер од Националниот центар за управување со информации и документи,  ИНБОХ дооел, за реализација на овие активности, во кои работат голем дел од нашите дипломирани архивисти. – изјави проф.д-р Ратко Дуев – Декан на Филозофскиот Факултет.

 

 

 

 

 

Поврзани новости