Од почетокот на енергетската криза за прв пат стапката на инфлација во Македонија падна под 10 отсто, според објави Државниот завод за статистика.
Споредбено со месец јуни минатата година, тошоците за живот годинава во истиот месец се зголемени за 9,3 отсто.
Статистичарите пресметале за да се помине месецот дека се потребни 48.500 денари, што е помалку за 500 денари во споредба со потрошувачката кошничка за мај.
За една година најмногу поскапела храната. Лебот и житата се продаваат по зголемена цена за скоро 27 отсто. Млекото сирењето и јајцата речиси 26 отсто, месото над 25 отсто. Единствено поевтиниле маслата и мастите за 5,3 отсто.
Од Министерството за финансии велат дека ова се охрабрувачки податоци, бидејќи инфлацијата е намалена за повеќе од 10 отсто, споредбено со октомври 2022 година кога изнесувала 19,8 отсто.