Економските политики на СДСМ ги даваат очекуваните и конкретни резултати, инфлацијата се намалува, економијата бележи поголем раст, соопштија од СДСМ.
„Инфлацијата се намалува во континуитет и со месеци, со тенденција до крајот на годината да се спушти под 5 отсто. Со мерките преземени од Владата предводена од СДСМ, стапката на инфлација во септември падна на 20-месечен минимум од 6,6 отсто, а наредната година треба да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата.
Успешноста на економските мерки и политики на СДСМ е потврдена и од Меѓународниот монетарен фонд, кој ги подобри проекциите за македонската економија. ММФ предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа година и 3,2 проценти за наредната 2024 година“ додаваат од владејачката партија.
Оттаму порачуваат дека како одговорна партија продолжуваат со грижа за сите граѓани, ќе преземаат конкретни мерки и чекори што значат економски раст од една страна и заштита и унапредување на животниот стандард од друга.