Инфлацијата останува двоцифрена, иако минатиот месец е намалена за еден отсто

by Fokus

Благ пад на инфлацијата бележи Државниот завод за статистика, но таа и натаму останува двоцифрена, односно за април изнасува 13%.

Министерот за економија Крешник Бектеши е задоволен со пад од нецели два проценти во однос на март, и вели мерките дале резултати. Тој рече дека за тоа придонеле владините мерки, конкретно ограничувањето на цените. Тој најави нови мерки за кои се во преговори со коморите, но не кажа какви. Според него храната и горивата кај нас се најевтини во споредба со другите земји од регионот.

„Ова е поголемо намалување од зголемувањето на платите што беше направено во овој период во нашата држава. Ова е потврда дека мерките даваат резултат. Овој тренд на намалување ќе продолжи. Би сакал да упатам една порака до сите стопанственици во нашата држава, особено до производителите на основните прехранбени производи, а секако и до трговците и увозниците на овие производи, да се подготват. Моментно и цените на суровините и цените на енергентите се на ниво што овие цени може дополнително да се намалуваат од денешните“, рече министерот Бектеши.

 

Поврзани новости