Инфективната клиника под карантин, двајца починати

by fokus

Инфективната клиника во Скопје од утрово е под карантин. На Клиниката е прогласен карантин, откако починале двајца пациенти од високо заразно заболување, објави САКАМДАКАЖАМ.МК. повикувајќи се на свои извори.

Комисија од Министерството за здравство во моментот ги испитува случајот, односно се утврдува за која болест станува збор, а за во 14 часот е најавена прес конференција на директорот на Клиниката.

Неофицијалните информации кажуваат дека на Инфективна биле хоспитализирани петмина пациенти од гостиварско, во тешка здравствена состојба, и дека болеста брзо прогресирала, поради што двајца од нив починале.

 

Поврзани новости