Инфантино: Ми се плаче поради елиминацијата на Италија

by Fokus

Поразот на Италија од македонската репрезентација во полуфиналето од мундијалскиот бараж, освен италијанската јавност, тешко го поднесе и претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

– Навистина би заплакал поради тоа што Италија ќе го пропушти Светското првенство, изјави Инфантино во разговор за РАИ Спорт, спроти денешната жрепка во Доха за групната фаза на Мундијалот.

Инфантино, кој е Швајцарец со италијанско потекло, рече дека е „тажно за сите Италијанци што Азурите вторпат по ред нема да учествуваат на Светско првенство“.

– Но, ситуацијата е таква, само 32 репрезентации можат да се квалификуваат и Светското првенство е на секои четири години. Барем засега …, изјави Инфантино.

Поврзани новости