452
Индустриското производство во август бележи пораст од 9,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, пораст е забележан во секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 47,9 проценти и во преработувачката индустрија за 4,5 проценти, додека опаѓање од 1,4 проценти има во секторот рударство и вадење камен.
Според главните индустриски групи, во август пораст има кај енергија за 39,8 проценти, капитални производи за 14 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 25,4 проценти, а опаѓање има кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти.