Варијантата на Ковид-19 која е распространета во Индија откриена е и во Белгија кај група индиски студенти кои стигнале од Париз, соопштија белгиските власти.
Групата од 20 студенти е сместена во карантин на северот на Белгија, каде кон средината на април дошле на крус, пренесе „Гардијан“.
Неколку стручњаци сугерираат дека можеби биле жртви на супер-заразниот член на нивната група или друг патник во автобусот, кој од Париз ги довел во Белгија.
„Овие студенти ја почитуваат строгата изолација од своето доаѓање. Од 43 студенти 20 се заразени со идиската варијанта“, твитна микробиологот Емануел Андре од католичкиот универзитет во Лувен.
Групата слетала во Париз на 12 април.
Неколку студенти почнале да имаат симптоми на вирусот пет дена подоцна, рече вирусологот Марк ван Ранст.
Варијаната Бе.1.617 веќе се појави и на други места, вклучително и САД, Австралија, Израел и Сингапур, наведува „Гардијан“.
Во Индија, дневно се бележат преку 300.000 нови случаи на заболување, мртвите се бројтат во илјадници. БОлниците се полни, нема кислород, нема медицински персонал, а крематориумите работат нон-стоп.