864
Прв случај на мутација на ковид-19 што преовладува во Индија е регистриран во Грција кај маж во градот Патра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека на 22 март било потврдено оти мажот е позитивен, откако шест дена претходно се појавиле симптомите, карактеристични за коронавирусот, но не била потребна хоспитализација.
Заразениот немал контакт со позитивен случај или патување во странство.