Индија стана четвртата земја во светот која успешно го изведе „Space docking“

by Fokus

Индија стана четвртата земја во светот која успешно го изведе таканареченото „вселенско докинг“, процес во кој два сателити се спојуваат и се одвојуваат во орбитата.

Експериментот наречен „SpaDeX“ (Експеримент за приклучување на вселената), го спроведе Индиската организација за вселенско истражување (ISRO), објави Ројтерс.

Како дел од мисијата, два индиски сателити, Таргет и Чејзер, со големина на голем фрижидер, успешно се споија, а потоа повторно се разделија, по серија сложени маневри.

Овој технолошки напредок е важен за идните мисии, како што се изградба на вселенски станици и сервисирање на сателити, а исто така ја демонстрира способноста на Индија да учествува во комерцијални и истражувачки мисии во вселената, посочува агенцијата.

Индискиот премиер Нарендра Моди истакна дека мисијата „SpaDeX“ е голем чекор во остварувањето на целите на Индија во вселенскиот сектор, што е дел од стратегијата да стане глобална вселенска суперсила.

Поврзани новости