67
Најмалку девет лица починаа поради топлотен удар во западната индиска држава Раџастан, јавија денеска локалните медиуми.
Во градот Бармер во Раџастан во четвртокот е забележана рекордна температура за оваа недела од 48,8 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.
Метеоролозите најавуваат дополнителен пораст на температурите, а во главниот град на Индија, Њу Делхи, во сабота, кога се одржуваат парламентарните избори, се очекува температура од околу 45 степени Целзиусови.
Летните температури во Индија често го достигнуваат својот врв во мај, а научниците предвидуваат дека оваа година земјата ќе има повеќе денови со екстремно високи температури од вообичаеното, наведува британската агенција.