416
Досега од банкоматот се вадеа само пари, отсега жителите на индискиот град Хајдерабад (држава Теленга) на банкомат ќе можат да купуваат златници со пари од кредитни или дебитни пластични картички.
Ова е прва ваква машина за реално време не само во Индија туку и во светот.
Уредот е произведен од приватна индиска компанија Goldsikka Pvt Ltd, која има развиено иновативна технологија за продажба на злато преку овој уред.
Банкоматот содржи пет килограми 24-каратни златници и нуди можност за купување во осум опции – од 0,5 грама до 100 грама.
Важна карактеристика на банкоматот е што цената на златото на неговиот екран се ажурира во реално време во согласност со ценовните промени на овој благороден метал на Лондонската берза.