Полицијата во Индија ослободи гулаб кој бил затворен осум месеци поради сомнение дека шпионирал за Кина.
Полицијата се посомневала дека гулабот, кој во мај минатата година бил фатен во близина на пристаништето во Мумбај, бил вмешан во шпионажа, бидејќи на нозете имал два прстени со зборови што личеле на кинески, објави „Скај њуз“.
Полицијата го ослободила гулабот во вторникот и го пуштила назад во дивината, објавија индиските медиуми.
Гулабот поминал осум месеци во заробеништво во болница за животни во Мумбаи, пред да биде откриено дека птицата полетала од Тајван во Индија.
Гулабите се користеле за шпионирање низ историјата, а британските сили во Првата и Втората светска војна ги користеле овие птици за да носат пораки.
Полицијата во Индија и претходно приведувала гулаби.