Индија е зафатена од „бура“ на заразата со корона вирус

by Fokus

Индискиот премиер, Нарендра Моди, денеска ги повика сите граѓани во земјата да се вакцинираат и да бидат внимателни, имајќи предвид дека Индија ја е погодена од „бура“ на заразата со коронавирус.

Само во последните 24 часа бројот на инфекции со коронавирус се зголеми за нови 349.691 случаи, што претставува нов црн рекорд во земјата, четврти ден по ред.

Поради недостиг на медицински кислород и кревети, болниците во Њу Делхи и низ целата земја почнаа да одбиваат пациенти.

-Бевме самоуверени, расположението ни се подобри по првиот бран, но оваа бура ја стресе земјата, рече Моди во радио обраќање.

Владата на Моди се соочува со критики затоа што дозволи големи верски и политички митинзи откако бројот на заразени во Индија нагло опадна под 10.000 на ден и не планираше да го зајакнува здравствениот систем.

Поврзани новости