Индија е втора во светот по бројот на починати од корона, телата се погребуваат во реките

by Fokus

Според бројот на починати од коронавирусот, Индија е втора во светот, зад САД. Оваа земја пријави 303.720 починати од почетокот на корона кризата.

Министерствтото за здравство регистрираше 4.454 починати во изминатите 24 часа, и 222.315 позитивни. Сега во Индија има скоро 27 милиони ковид дијагностицирани.

Индија се соочува со криза во здравствениот систем, со оглед на тоа дека во главниот град Њу Делхи пациентите умираа дома, поради недостиг на кислород во болниците.

Во градот Мумбај умираа по ходници. Во сиромашните делови на земјата, луѓето умираа од треска уште пред да бидат тестирани. Имунизацијата во Индија оди споро. Семејствата немаа пари да ги кремираат починатите, па многу тела завршија во реките.

Поврзани новости