Индија бара социјалните мрежи да го избришат терминот „индиска варијанта“

by fokus

Владата на Индија побара од социјалните мрежи да ја отстранат целата содржина во која се споменува „индиската варијанта“ на коронавирусот, пренесува Би-Би-Си.

Министерството за информатичка технологија вели дека Светската здравствена организација ја класифицира оваа варијанта под шифра Б. 1.617 и оти е „неточно“ да се нарекува „индиска“.

Не е невообичаено варијантите на коронавирусите да се опишуваат со географски одредници, како што се британските и бразилските соеви.

Од почетокот на пандемијата во Индија вкупно има 26,3 милиони заразени, со што земјата е втора во светот по САД, додека вкупниот број на смртни случаи изнесува 295.525.

Поврзани новости