Демократијата во Македонија според најновиот Индекс на демократија за 2019 година на неделникот „Економист“ се подобрила за едно место и сега се наоѓа на 77. место со 5,97 поени, веднаш после Сингапур. Скалата е од нула до 10.
Земјава се наоѓа во категоријата „хибридни режими“, која опфаќа 22.2 отсто од бројот на сите држави, со 16 отсто од вкупното население на сите опфатени 167 држави.
Рејтингот се заснова на комбинација од експертски оценки и резултати од анкети во овие земји. Се земаат пет клучни показатели што укажуваат на состојбата на демократијата во државите и тоа
изборниот процес, транспарентноста на власта, учеството во политичкиот живот, политичката култура и нивото на граѓански слободи.
Извештајот на „Економист“, насловен „Година на демокартски назадувања и народни протести“, сумарно, ги дели земјите во четири категории според тип на режими – „целосни демократии“,
„нецелосни демократии“, „хибридни режими“ и „авторитарни режими“.