„Indeks.mk“ кон Мицкоски: Барајте демант од Митовски од „Инфомакс“

by Fokus

Порталот „Indeks.mk“ денеска истакна дека од нив не излегле информациите за наводниот скриен имот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Козле.

Како што додаваат од порталот, тие само ги пренеле истите за кои, како што додаваат, веќе биле јавно кажани пред една седмица од уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во неговата емисија.

„Сакаме да потенцираме дека ние, indeks.mk, не кажавме ниту еден збор повеќе од Митовски, туку само го пренесовме и проверивме неговото тврдење кое тој никогаш не го демантираше.

Како медиум што работи во РСМ, бараме итна реакција од Здружението на новинари на РСМ и од Синдикатот на новинари и медиумски работници на РСМ, бидејќи ние сме брутално нападнати од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и тоа го докажуваме во видео делот од изјавата, каде што може и самиот Митовски да биде слушнат велејќи дека никој не го негираше тоа.

„Што правиме, дали некогаш не коментирал или демантираше или објаснил како гради куќи во Тафталиџе, Козле каде што бил. Татко, сестра или не знам кој од семејството, за Мицкоски зборувам. Знаете колку чини местото, бараките и куќата во Козле. Под 250.000 евра не можете да најдете. Да се купи, да се урне, да се изгради, да се платат општинските такси, што вреди да се напомене дека овие давачки во општина Карпош се најскапите околу 70/80 евра. Таму имаме инвестиција од над еден милион евра“, рече Митовски“, додаваат од порталот.

Поврзани новости