Инаугурацијата на Силјановска утре напладне – Пендаровски ќе и ја предаде функцијата

by Fokus

Новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска-Давкова утре напладне ќе даде свечена изјава на инаугуративна седница во Собранието, согласно со член 81 став 9 од Уставот на Република Северна Македонија.

Седницата е закажана откако Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница објави конечност на резултатите за Претседателските избори, одржани на 24 април и 8 мај, и го достави извештајот до Парламентот.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски и го врачи Уверението на Сиљановска-Давкова за избран Претседател на Република Северна Македонија, и во име на Комисијата и посака успешен мандат.

Свечената изјава таа утре ќе ја даде пред пратениците од стариот собраниски состав, по што ќе почне да тече нејзиниот петгодишен претседателски мандат. Претседателската функција ќе ја преземе од Стево Пендаровски, нејзин противкандидат на овие и на претходните избори во 2019, кому мандатот му истекува утре.

-Во Кабинетот на претседателот, утре – 12 мај 2024 година, недела, ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.

По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис е загрижен за спроведувањето на Преспанскиот Договор и употребата на Северна.

Во изјава за грчката телевизија Алфа, порача дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите во земјава се следат со загриженост и затоа со голем интерес го чека официјалниот став на новата власт, за тоа, како ќе се нарекува земјата во официјалните изјави.

Универзитетската професорка Гордана Сиљановска-Давкова ќе биде шестиот претседател на државата и прва жена избрана на оваа позиција.

 

Поврзани новости