Импичмент за Бајден побара претседателот на Претставничкиот дом Мекарти

by Fokus

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, денес објави дека го поддржува покренувањето на официјална истрага за импичментот на претседателот Џо Бајден, јави Си-Ен-Ен.

-Ова се обвинувања за злоупотреба на моќ, опструкција и корупција. Тие бараат дополнителна истрага од Претставничкиот дом. Затоа денеска го упатувам  нашиот Дом да отвори формална истрага за импичмент на претседателот Џо Бајден., рече Мекарти во изјавата пред неговата канцеларија на Капитол Хил.

Потегот доаѓа во време на зголемен притисок од неговото десно крило да продолжи со истрагата, вклучително и некои од неговата крајна десница кои се заканија дека ќе го соборат Мекарти, доколку тој не се придвижи доволно брзо во истрагата за импичмент.

Зборувајќи со новинарите за време на прес-конференцијата денес Мекарти рече дека процесот на импичмент за Бајден е логичен следен чекор во истрагата предводена од Републиканската партија во последните месеци.

-Овој логичен следен чекор ќе им даде целосна моќ на Претставничкиот дом да ги собере сите податоци и одговори за американската јавност. Одговорите се токму она што сакаме да го дознаеме, рече тој.

Во последните недели, Мекарти приватно им кажа на републиканците дека планира да ја продолжи истрагата за импичмент на Бајден и дека се надева дека ќе го започне процесот до крајот на септември.

Поврзани новости