Димовски на затворена владина седница ќе реферира за случајот со контроверзниот Украинец Онишченко

by Fokus

На затворена владина седница денеска се очекува директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски да даде извештај за случајот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мора да се утврди одговорност за случајот. Во АНБ,  како што објави „Фокус“,  суспендирани се двајца службеници за пропуст во проверката на Онишченко.

Дополнително во Собранието во тек е истрага за пренесувањето во живо на Јутјуб на затворената комисиска седница на која Димовски зборуваше исто така за случајот „Онишченко“.

Премиерот Ковачевски изјави дека побрал детален извештај за работата на АНБ.

„Она што јас побарав е детален извештај врз основа на спроведена истрага или анализа согласно процедурите на АНБ и директорот да дојде да даде извештај на затворена седница на Влада.

И тоа ќе се случи најверојатно во текот на утрешниот ден. Меѓутоа и вие самите знаете дека од затворена седница на Влада не може да се даваат извештаи и информации со оглед на казнивоста на давање такви информации од затворена седница на Влада“, рече вчера Ковачевски.

 

Поврзани новости