641
На листата должници за радиодидифузна такса за кои има решенија за присилна наплата фигурира и името Сашо Мијалков. Според адресата на живеење, најверојатно станува збор за поранешниот директор на УБК.
Оваа листа ја објави Управата за јавни приходи и на неа се најдоа 85.790 граѓани за кои има решенија присилно да им се наплати долгот за радиодифузна такса.
Оние должници кои до вчера не го подмириле долгот, ќе бидат објавени во Службен весник, а три дена потоа УЈП ќе почне со блокирање на нивните банкарски сметки.