Скопјанецот Љупчо Палевски – Палчо го поврзуваат со киднапирањето и убиството на младата скопјанка, Вања Ѓорчевска, дознава Фокус.
Според информациите, тој е надвор од Македонија. Дел од информациите велат дека пред неколку дена се упатил кон Турција.
Засега неофицијалните информации се дека Палевски имал контакти со останатите осомничени во групата, а токму тие го посочиле него кога биле приведени.
Палевски, кој е претседател на движењето „Трета“ е јавно експонирана личност во земјава, пред се во главниот град.
Трите лица кои што се уапсени се уште се на распит, па се очекува да бидат спроведени во Кривичниот суд.
Она за што засега нема официјална потврда е дека целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, а вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори.