Името Мухамед стана најпопуларното име за момчиња во Велика Британија, соопшти британската канцеларија за статистика.
Од 2016 година ова име е меѓу десетте најпопуларни, а сега на прво место го замени името Ноа, додека на третото е името Оливер, пишува Гардијан.
Името Оливија и понатаму е најпопуларно кај девојчињата, осма година по ред, а потоа следат Емилија и Исла.
Податоците покажуваат дека во Англија и Велс во 2023 година се родени 4.661 момче по име Мухамед, што е зголемување во однос на претходната година.
Исто така, меѓу првите 100 имиња се најдоа и варијанти на името, како Мохамед и Мохамед.
Оливија беше најпопуларното име во пет од деветте англиски региони, а исто така беше најпопуларно во Велс.
Имињата како Били, Лана, Мајли и Ријана, кои се инспирирани од пејачите, стануваат се почести кај девојчињата, додека Кендрик и Елтон се популарни кај момчињата.