Имер Селмани за „Фокус“: Со мене воопшто не е разговарано на темата кандидат за градоначалник

by Fokus

Поранешниот министер за здравство Имер Селмани, за кој денеска во повеќето медиуми беше објавено дека е можно да биде заеднички кандидат за градоначалник на Скопје на партиите на власт СДСМ и ДУИ, на локалните избори во октомври, во изјава за „Фокус“ истакна дека со него воопшто не е разговарано на оваа тема.

„Не, не, не е разговарано, барем со мене не – ни изјави Селмани.

Сепак, тој не даде одговор на нашето прашање дали ако постои таква можност, би прифатил.

Откако денеска во јавноста излегоа информациите за Селмани, се огласи и премиерот Зоран Заев. Тој демантираше дека СДСМ и ДУИ воопшто разговарале за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје.

-Не, воопшто не е разговарано за таква работа за заеднички кандидат или компензации или нешто слично. Се работи за политичка платформа, перспективи, иднина итн, рече Заев по настанот во Штип.

И.М.

Поврзани новости