Владата на Република Македонија на својата 56 седница, именувала дури 27 директори и заменици од редовите на ДУИ, пишува порталот Тетова 1, и тоа на следните институции:
1. Државен инспекторат за животна средина – Фејзула Спахија (директор)
2. Државен инспекторат за техничка инспекција – Екрем Буњаки (директор)
3. Државен инспекторат за транспорт – Руфат Хусеин (директор)
4. Државен инспекторат за шумарство и ловство – Ејуп Јахја (директор)
5. Биро за метрологија – Мерита Мустафаи (директор)
6. Биро за регионален развој – Рамиз Реџепи (директор)
7. Центар за управување со кризи – Агрон Буџаку (директор)
8. Агенција за стоковни резерви – Рези Абдурахмани (директор)
9. Канцеларија за државна индустриска сопственост – Сафет Емрули (директор)
10. Дирекција за задолжителни нафтени резерви – Улуси Беќири (директор)
11. Агенција за поддршка на развојот на земјоделството – Елгафар Јусуфи (директор)
12. Затвор Тетово – Мурат Рамадани (директор)
13. Академија за наставници – Амир Зилбеари (директор)
14. Биро за правна експертиза – Валде Џафери (директор)
15. Оддел за чување на книги – Бујар Дардишта (директор)
16. Биро за јавни набавки – Бардил Насуфи (директор)
17. Агенција за странски инвестиции – Вулнет Адеми (директор)
18. Дирекција за заштита и спасување – Екрем Зендели (заменик директор)
19. Дирекција за индустриски технолошки развојни зони – Асип Усенини (заменик директор)
20. Катастарска агенција – Муса Ибрахими (заменик директор)
21. Тело за ревизија на ИПА – Лиман Muhaxhiri (заменик главен ревизор)
22. Затвор Идризово – Феми Јонузи (заменик директор)
23. Затвор Скопје – Садуш Арифи (заменик директор)
24. Затвор Куманово – Мевлан Џемаили (заменик директор)
Во јавни акционерски претпријатија исто така се назначени неколку директори:
1. АД “Македонски енергетски ресурси” – Бајрам Реџепи
2. АД “Управување со водите на Македонија” – Илми Селами
3. АД “ГА-МА” – Рафис Алити
Имињата со честитки до именуваните ги објавил вицепремериот Хазби Лика на својот ФБ профил.