Имав разговор со надлежно лице во МВР, знам дека ме следат, нека објават, рече Мицкоски

by Fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека е точно дека имал разговор со надлежно лице вработено во Министерството за внатрешни работи, а е поврзан со снимките од фитнес-салата.

„Откако го добив бројот од надлежното лице, му пратив порака со содржина: ’Здраво, би сакал да се слушнеме, Христијан Мицкоски‘ И таа порака јас ја чувам. Потоа, конкретното лице ми се јави и го замолив сѐ да биде според закон и побрзо да се реши овој случај. Бидејќи сметам дека сум следен, прислушуван, еве ги охрабрувам да го објават разговорот и македонската јавност да ја слушне вистината“, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости