Таткото на Георги Георгиев, починатиот член на музичката група ДНК на денешниот Марш на ангелите во Кочани, испрати порака до претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова за нивната неисполнета поддршка и заборав кон семејствата на настраданите.
„Имаме претседателка, имаме премиер, ветија дека ќе бидат за сите граѓани – мајка, татко – тоа што ветија, не го исполнија. Маќео, ми пушти писмо, па ме заборави за 24 часа. Маќео, на што личи ова? Без потпис. Лично тебе ти се обраќам, Мицкоски. Се нарекуваш патриот, маж, не ви е срам! Имате ли деца? Да се живи и здрави, ама за 63 жртви, 63 дена душа ќе ви излегува!“, рече родителот на Георги.
На 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени.