По обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, за партиски вработувања во АД ЕСМ, од компанијата реагираат дека се работи за потреба од кадар, бидејќи, како што појаснуваат, за три години останале без 1190 вработени.
Од нив над 76 проценти биле со работни места во производствениот процес, а над 23 проценти административни работни места.
Најголем процент од оние кои заминале, бил по основ одење во пензија, но и поради други причини, вклучувајќи го и заминуавњето во приватниот сектор.
– Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат, се наведува во соопштението.
Од компанијата додаваат дека најголема потреба имаат од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал, па како што велат, токму затоа над 87 проценти од огласите за врабтување се однесуваат на ваков кадар, само 12 проценти се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес.