Имаме коалиција на криминалот, тврди Мицкоски

by Fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека договорот за владина коалиција меѓу претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети е „договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата“.

„Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот. Замислете, истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте во Мавровка, среде Скопје, сега ќе управуваат со буџетот на сите. Ова е коалиција после која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа што тие не го воделе како што треба секторот финансии, ќе имаме нови порази во надворешната политика затоа што тие не го воделе МНР“, пишува Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

 

Поврзани новости