Во врска со настаните од прославата на 28 ноември, Денот на албанското знаме, случајот е расчистен во насока на тоа дека се фатени конкретните сторители кои го нарушија јавниот ред и мир и сквернавеа државни симболи. Но, во насока на тоа дали во позадина имаме организирана група која што директно ги поттикнала овие дејствувања, случајот се уште не е расчистен, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој на Сител откри дека безбедносните служби имале оперативни информации дека зад настаните во Скопје на денот на прославата и во Куманово кога беа запалени автомобили и фотокопирница, стоеле високи структури на ДУИ.
-Не би сакал сега да излегувам со информации во јавноста, но факт е да дека има одредени оперативни информации дека поранешен градоначалник на ДУИ директно бил вклучен заедно со друга група во делот на организирање на овие настани, но за разлика од претходно кога имавме политички прогони еден тон, сега МВР постапува по насока на ЈО со факти и докази, не одиме слепо како претходно. Така ќе биде и во овој случај. Доколку обезбедиме докази ќе постапиме – изјави Тошковски.