Секретарката на Александар Ивановски -Теранова, Татјана Стојановска, денеска во судница истакна дека на имотен лист, поседува два стана, односно еден на нејзино име, а еден на фирма, а за кои како што рече, реално не ги поседува, туку се на Никола Груевски.
Стојановска на прашање на обвинителката Лиле Стефанова, а на судењето за “Плацевите на Водно”, одговори дека во периодот од 2008-2012 година работела во ИНКА Инженеринг, со месечна плата од 25.000 денари.
Таа првично појасни дека на нејзино име фиктивно, или како што рече само по имотен лист, се води стан на Бихачка.
-Милам дека станот е на мое име од 2008-2009 година. Директорот Александар Ивановски рече дека треба да се купи стан и така и се случи, по негова ингеренција. Тој ми кажа дека треба да се купи стан за екс премиер Никола Груевски, да не го прислушуваат, односно да не дојдат некои непознати комшии, рече Стојановска.
На прашањето на обвинителката Стефанова кој и дал пари за станот, сведокот рече:
-Парите беа во агенцијата, многу помина време не се сеќавам. Отидов во агенцијата која го огласуваше станот. Дојде човек од кај Груевски, отидовме на нотар за попишување и толку беше, рече сведокот, која додаде дека свои пари не дала.
Дополни и дека никогаш не добила клуч и ниту еднаш не влегла во станот.
Таа одговори и дека е управител на ИТК Инженеринг. Појасни дека фирмата е основана во 2008-2009 година, за да учествува на тендер.
-На тендерот беше купено градежно земјиште на Водно. А на истата фирма има запишано уште едне стан на Бихачка. Тоа е соседниот стан кој се наоѓа до оној заведен на мое име, рече сведокот.
Според обвинителството пак ова земјиште е исто така еден од тајните имоти на Груевски, на кој планирал да гради куќа.
-И овој станот беше купен исто така за Никола Груевски. Ниту од овој стан нема клуч и никогаш не сум била во тој стан, рече сведоко.
Потоа таа појасни и дека во 2018 година, пред да избега Гуевски, Алек и донел договор за закуп потпишан од Груевски.
-Алек ми донесе договори за закуп потпишани од Груевски. Во договорот не беше утврдена месечна кирија, туку дека во рок од 5 години ќе се реновираат, истакна сведокот.
Претходно во судница сведочеше и поранешна сосетка на Груевски, која истакна дека го продале станот на луѓе од доверба на тогашниот премиер.
Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра.
Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница. Исто така во обвинението Груевски се терети дека имал уште два тајни стана на Бихачка, во зградата во која живееше пред да избега.
В.В.