Во последното деноноќие имало вкупно 23 пожари на отворен простор, од коишто, три се уште се активни, шест се под контрола и 14 се изгаснати, соопштува Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Трите пожари на отворено, што се уште се активни, се лоцирани во општина Македонски Брод, во пределот кај с.Тажево – с.Брезница – крак кон ЈП „Јасен“; вториот активен пожар е на територија на две општини – општина Демир Хисар и во општина Охрид, на Илинска Планина, во реон кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани и третиот активен пожар е, исто така, на територијата на две општини – во општина Дојран и 0пштина Богданци во реон кај с.Фурка кон Богданци.
Шест пожари на отворен простор се под контрола, во:
1. Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште;
2. Општина Македонски Брод: с.Слатина;
3. Општина Охрид 1: Планина Галичица;
4. Општина Охрид 2: Косел – Расино – Опеница – Вапила;
5. Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (активен) и во
6. Општина Делчево: Депонија Делчево;
Изгаснати се 14 пожари на отворено во: Општина Кичево, кај с.Бачиште; Општина Брвеница, с.Милетино; Општина Боговиње с.Жеровјане; Општина Гостивар, с. Чајле; Општина Богданци, м.в. „Погана“ кон „Ветерен Парк Богданци“; Општина Прилеп, м.в. „Теке“; Општина Неготино, кај фабриката „Македонија“; Општина Старо Нагоричане, во с.Жегљане, маало Рогожарци; Општина Василево 1 кај с.Радичево и с.Дукатино; с.Чалакли; Општина Валандово, с.Чалакли; Општина Студеничани, с.Батинци; Општина Ѓорче Петров, пкрај ул.„Скупи“; Општина Зелениково, кај с.Вражале и во Општина Студеничани, во реон меѓу с.Драчевица и с.Црвена Вода.