Имако Вино ја претставува FАМА – ново македонско пенливо вино

by Fokus

Имако Вино, една од најголемите и најиновативни винарии во Македонија, го лансира FAMA – елегантно пенливо вино создадено од сортите Chardonnay и Pinot Grigio. Виното за прв пат ќе биде претставено следната недела во хотел Мериот во Скопје, на годишниот настан за доделување награди на најдобрите компании во Е-трговијата, а брзо потоа ќе биде достапно и во селектирани локали низ државата.

За ова пенливо вино од компанијата велат дека нуди свежина, софистицираност и интегрирани меурчиња добиени преку Charmat Method, поставувајќи нов стандард во категоријата пенливи вина. Истакнуваат и дека ова ново вино е одраз на нивната стратегија за создавање вина што се современи, префинети и пристапни, но секогаш со силен печат на квалитет и традиција.

„FАМА не е само пенливо вино, туку симбол на елегантно и безгрижно уживање, креирано за оние кои знаат да ги слават моментите“, истакнуваат од Имако Вино.

„Во Имако Вино секогаш сме водени од идејата дека врвното вино треба да биде дел од животот, да го збогатува искуството, да создава спомени и да ја носи магијата на винската култура поблиску до луѓето. FАМА ја одразува нашата филозофија – баланс помеѓу традицијата и модерното, квалитет во кој уживате со леснотија, но е доволно префинет за секоја пригода” – изјави Никола Љуботенски, Извршен Директор на компанијата.

Како една од водечките винарии во Македонија, Имако Вино произведува вина и вински дестилати, од кои над 80% се извезуваат на меѓународниот пазар, и тоа исклучиво во шишиња, директно од винаријата. Во последните години, Имако се истакнува со престижни награди.

Меѓу другите, се истакнуваат престижните награди Gold на AWC Vienna 2023, Gold на Mundus Vini Meninger 2024, 92 points на Decanter World Wide Awards и Grand Gold на CMB 2023 за Constellation Vranec кој воедно беше препознаен како “најдобар Вранец од регионот“, наградата Gold на AWC Vienna 2023 за Constellation Cuvee Red, како и наградата за Bohemian Brotherhood Brandy, кој освои 93 поени на International Wine & Spirits Competition (IWSC). Со FАМА, Имако Вино продолжува да ја редефинира македонската винска сцена, носејќи светски квалитет, автентичност и уживање во секоја чаша.

Поврзани новости