Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, во однос на причините за пожарот кај поранешната фабрика „Треска“ одговори дека се работи за човечки фактор.
-Неколку месеци, во соработка и комуникација со одредени институции, чекавме да заврши целиот увид на терен, чекавме зелено светло од сите институции за да им дадеме насока на сопствениците да си го расчистуваат просторот – изјави градоначалникот Герасимовски.
Тој додаде дека за тој дел имале многу состаноци, неколку пати излегле на терен со Државниот инспекторат за животна средина и им дале насоки на сопствениците како да го чистат просторот.
-Моето залагање е да што подобро го урбанизираме самиот простор, но не треба да занемариме и да имаме предвид дека таму имаме важечки ДУП. Доколу не постапуваме по тој ДУП е кршење на закон. Мојата борба е што подобро да го урбанизираме тој простор. Се бориме за интересот на јавното добро и интересот на граѓаните – порача Герасимовски.