Компанијата за истражување на вселената „SpaceX“ на американскиот милијардер Илон Маск го ангажираше Каиран Квази (14) како софтверски инженер.
Илон Маск ја отвори компанијата во 2002 година, а Квази интервјуто за работа го опиша како „технички предизвикувачки“ и „забавно“.
„Ќе се приклучам на најдобрата компанија на планетата како софтверски инженер во тимот на Starlink. Ова е една од ретките компании што не ја искористија мојата возраст како застарен доказ за зрелост и способност“, вели Каиран Квази.
Тој ја напишал пораката во пресрет на дипломирањето на Факултетот за инженерство на Универзитетот Санта Клара, со што стана најмладиот човек што го постигнал тоа во 172-годишната историја на таа образовна институција, пишува „Сиетл тајмс“.
Поради работа, тој планира да се пресели со својата мајка од Плесантон, Калифорнија во Редмонд, Вашингтон, каде што се наоѓа седиштето на „Спејс Икс“.
Мајка му знаела дека тој не е нормален четиринаесетгодишник кога на две години почнал да зборува и да комуницира со целосни реченици.
Во градинка на своите врсници и наставнички им ги кажувал вестите и интересните работи што ги слушнал на радио, пишува „Лос Анџелес Тајмс“.
Откако неговата училишна работа во трето одделение не била доволно предизвикувачка, неговите родители, по консултации со експерти, го запишале на Државниот колеџ во Калифорнија на само девет години.
„Нивото на учење таму совршено ми одговараше“, изјави тој за LA Times.
Истата година според спроведените тестови за интелигенција бил рангиран на самиот врв на населението, пишува магазинот BrainGain.
Квази почна да се стажира на проект за вештачка интелигенција во лабораториите на Интел неколку месеци подоцна, а на 11-годишна возраст се префрли на Универзитетот Санта Клара за да студира компјутерски науки и инженерство.