Има пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои не се согласуваат со Мицкоски, тврди Митрески

by fokus

Предвремени парламентарни избори нема да има, парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, вели Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

– Јас уште еднаш ги повикувам сите пратеници од опозицијата којшто не се согласуваат со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да ја прекинат оваа работа што ја прават во Собранието овие два дена затоа што на крајот сето тоа што го прават е на штета на граѓаните , на штета на државата и на интересот на граѓаните.Јас не можам да зборувам за епилог само можам да кажам и кажав дека ќе направиме се што е во наша можност, се што предвидува деловникот Собранието да не биде блокирано, вели Митрески.

Поврзани новости