Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, досега се регистрирани 149 смртни случаи на заразени од корона вирусот. Од нив, 101 биле мажи, а 48 жени.
-Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години. Регистрирани се 101 смртен случај кај лица од машки и 48 кај лица од женски пол, се вели во извештајот.
Исто така статистиката покажува дека над 75% од заболените имале и друга болест.
-Од починатите, кај 113 (75,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,1%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 93,9% починале за време на хоспитализација, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Од заболените пак, поголем е бројот на женски лица, односно 1.353 се мажи и 1.437 женски лица.