ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БАЊСКИ ТУРИЗАМ, НО ИМА И СИСТЕМСКИ ПРЕЧКИ ЗА НЕГОВ РАЗВОЈ

by Fokus

Потенцијалот е огромен за бањски туризам, но за жал истиот е неискористен. Има многу фактори на кои треба да се работи за да го фатиме чекорот со земјите од соседството и од Европа, вели Димитар Јаневски, претседател на Гупацијата за бањи при Стопанската комора во емисијата Приказна.

„Причини има повеќе, најголем дел во сферата на законодавството. Бањите се регистрирани како природни лекувалишта и по тој основ лечат со природен фактор.

Опсегот на делување зависи од повеќе министерства, за здравство, за економија, за животна средина. Со дел од нив комуникацијата и соработката не е на потребното ниво“, изјави Јаневски.

Спа туризмот, како специфичен вид на туризам во светски рамки, бележи постојан пораст и претставува значаен дел од туристичката понуда на голем број земји. Македонија не заостанува зад Европа по бројот на минерални и термоминерални извори кои постојат. Но она што недостасува се законските промени, особено во делот на туризам на бањските капацитети и стратегија за туризам.

Во емисијата „Приказна“ повеќе за потенцијалот на бањскиот туризам зборува Јаневски, претседател на Групацијата на бањи при Стопанската комора.

ПР

Поврзани новости